Општина Јегуновце 18-07-2017 год – Продолжува олеснувањето на даночната процедура, заштеда на време и трошоци за исполнување на даночните обврски како и обезбедување брз и лесен пристап до даночните услуги, Управата за јавни приходи (УЈП) денес повторно е присутна преку „Мобилниот даночен шалтер“ (опремено комбе – канцеларија) пред седиштето на Локалната самоуправа на Општина Јегуновце.

Преку опременото комбе – мобилна даночна канцеларија, граѓаните и фирмите од Јегуновце без да го напуштат своето место на живеење, имаа можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, односно да ги достават сите видови на даночни пријави и барања како и да ги подигнат потребните документи што ги издава УЈП.

Управата за јавни приходи преку воведувањето на мобилниот даночен шалтер на територијата на Општина Јегуновце прави еден исчекор во олеснувањето на даночната процедура, заштеда на време и трошоци за исполнување на даночните обврски и обезбедување брз и лесен пристап до даночните услуги.

Граѓаните и фирмите можат да добијат редовни информации за возниот ред на мобилните даночни шалтери преку веб-страницата на УЈП www.ujp.gov.mk или преку Инфо – центарот 0800 33 000.

 

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце