24.01.2018 година – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работна посета на Општина Јегуновце.

Тој најпрво ја посети полициската станица во  Јегуновце за да промовира опрема која е поставена со цел нормално одвивање на тековните работи на тамошните полицајци за потоа да оствари средба и со првиот човек на општина Јегуновце градоначалникот Дарко Блажески.

На средбата беше дискутирано на повеќе теми, разменети беа повеќе меѓусебни мислења за успешна соработка и  унапредување на состојбите во Општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце