Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека вториот наврат од дезинсекција против возрасни комарци во 2017 година, по земјен пат, ќе се реализира на 17 и 18 јули, во период од 22.00 до 04.00 часот.

Релацијата на третираната површина е претходно утврдена од страна на стручни лица вработени во општината Јегуновце.Третирањето ќе се извршува со биоцид Aqua K-Othrine, за кое има решение за употреба од М.З. на Р.Македонија со доза препорачана од произведувачот и СЗО.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце