Зимската служба ангажирана од страна на Општина Јегуновце од вчера започна со чистење на снегот од локалните патишта кој се во надлежност на Општина Јегуновце со едниствена цел корисниците да можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.

Поради постојаните врнежи од снег во наредните денови, надлежните служби ќе бидат на терен а доколку на одредени локални патишта има потреба од дополнителна интервенција жителите  можат да пријават на следниов телефонски број:044/397-766

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце