Општина Јегуновце 2019 година – Зимската служба ангажирана од страна на локалната самоуправа од вчера започна со чистење на снегот од локалните патишта кој се во надлежност на Општина Јегуновце со едниствена цел корисниците да можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.

Сите локални патишта на територија на општина Јегуновце вклучувајќи ги верските објекти и основните училишта усшешно се пробиени и целосно е исчистен снегот од коловозот.

Поради обилните врнежи од снег, надлежните служби ќе бидат на терен во текот на целиот ден, доколку на одредени локални патишта има потреба од дополнителна интервенција жителите  можат да пријават на следниов телефонски број:044/397-766

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце