Со инсталирање на печка на пелети променет е досегашниот начин на затоплување од струја на пелети во зградата на Општина Јегуновце.

Придобивките со греење на пелети се очекува да бидат одлични, ќе создадат одлични услови за топли простории и нормално изведување на работните задачи на администрацијата во зимските денови, исто така се очекува помала потрошувачка  и заштеда на финансиски средства.

Изведувач е фирмата АКВА ЛАВ-ЦЕ ДООЕЛ – Тетово додека средствата за успешна реализација се обезбедени од буџет на Општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце