Општина Јегуновце 10-07-2017 година – Со цел олеснување, подобрување и безбедност за функционирање во секојдневните работи на жителите од населеното место Старо Село, изгради улица.

Улицата е во должина од 127 метри, изведувач е фирмата Ринџо ДОЕЛ од Брвеница додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој во соработка со Општина Јегуновце.

Со овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на собраќајот во овој дел од населено место Старо Село.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце