Општина Јегуновце 29-06-2017 година – Со цел олеснување, подобрување и безбедност за функционирање во секојдневните работи на жителите од населеното место Копанце, изгради улица со бехатон плочки.

Улицата е во должина од 122 метри, изведувач е фирмата Ринџо ДОЕЛ од Брвеница додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој во соработка со Општина Јегуновце.

Со овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на собраќајот во овој дел од населено место Копанце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце