Општина Јегуновце 2018 година – во тек е акција за чистење на локалниот патен правец Прељубиште – Туденце.

Со оваа акција се очекува да бидат целосно искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од двете страни на коловозот од од населено место Прељубиште до населено место Туденце со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на собраќајот на овие простори.

Градоначалникот Блажески најави дека и во следниот период планира ваков вид акци со цел подобрување на условите во собраќајот како и разубавување на самата општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце