Започна турнир во мал фудбал „Ратае 2018“. Недела 17.06.2018 година во присуство на голем број гости од сите населени места на општина Јегуновце како и пошироко овој турнир беше и официјално прогласен за отворен.

Турнирот се организира втора година по ред, бројот на екипи изнесува 27, а натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза додека Финалето е закажано за 8 Јули.

Голем придонез за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце. Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце