Општина Јегуновце 2017 – Започна турнир во мал фудбал „Ратае 2017“. Бројот на екипи изнесува 29, а натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.

На овој турнир како гостин беше поканет и Градоначалникот Тони Коцески  кој го поздрави овој настан, образложи дека општината постојано вложувала средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места, а ја имаше  честа и да го прогласи овој турнир за отворен.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце