Општина Јегуновце 19.05.2017 година – Со цел олеснување, подобрување и безбедност за функционирање во секојдневните работи на жителите од населено место Туденце, започна со изгадба на улица со бехатон плочки.

Улицата ќе биде во должина од околу 1000 метри,  додека средствата за реализација на овој проект се со одлука за распределба на средства од програмата за изградба, рекунструкција и одржување на општинската патна мрежа и улиците на територија на Општина Јегуновце.

Со овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни пристапот до  овој дел на Туденце место викано Бучеи.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце