Општина Јегуновце 25.07.2017 година- Започна со изградба на локален пат Копанце,Ротинце,Подбреѓе со крак до ОУ во населено место Ротинце. Патот ќе биде  во должина од 4.300 метри а  изведувачи се фирмата Ескаватори.

Средства за успешна реализација се  од   „ЕУ ИПА средства за рурална инфраструктура обезбедени од Општина Јегуновце„

Со овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел на Општина Јегуновце.

Денес Градоначалникот Тони Коцески присуствуваше во населеното место Копанце каде лично направи увид во градежните активности кои се одвиваат на самата изградбата на патот.

Од направениот увид констатирано беше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба и овој проект се очекува да биде комплетиран наредните неколку дена.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце