Денес 24.04.2018 година – Започна поставувањето на нов асвалт на регионалниот патен правен Р-2234 Јегуновце-Пршовце.

Со овој зафат ќе се изврши целосна рехабилитација во вкупна должина од 4900 метри, комплетна реконструкција помеѓу двете пруги од 160м, каде очекувано ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел на општината.

Денес Градоначалникот Блажески направи увид во градежните активности кои се одвиваат на самата изградбата на патот, констатирано беше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба и овој проект се очекува да биде комплетиран наредните неколку дена.

Изведувачи се фирмата ЕСКАВАТОРИ, додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на Влада на Р.М во соработка со општина Јегуновце и општина Теарце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце