Во чест на Бобан Симовски Бобе и неговиот пријател и другар Александар Димчевски Трска во населено место Јанчиште организиран е седма година по ред  меморијален турнир во мал фудбал.

 

Турнирот започна на 28 Мај додека финалето е  закажано за 18 Јуни. Бројот на екипи изнесува 29, а натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.

Голем придонез за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце.

Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце