Во чест на Бобан Симовски Бобе и неговиот пријател и другар Александар Димчевски Трска во населено место Јанчиште организиран е осма година по ред меморијален турнир во мал фудбал.

Турнирот започна на 20 Мај  додека финалето е закажано за 10 Јуни. Бројот на екипи изнесува 30, а натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.

Голем придонез за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце.

Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце