Започнати  се градежните активности со изградба на тротоар покрај регионалниот патен правец Р-2242 од излез на населено место Подбреѓе до влез на населено место Јегуновце.

Овој инфраструктурен зафат  ќе биде во должина од околу 700 метри, проект кој ќе придонесе за решавање на  проблемите кои ги имаат пешаците но и возачите, ќе се модернизира  изгледот на општина Јегуновце а со тоа и одвивањето на сообраќајот ќе биде побезбеден.

Градоначалникот Дарко Блажески најави дека и во следниот период планира ваков вид инвестиции со цел подобрување на условите како на самите пешаци така и на условите и  овивањето на собраќајот на територија на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце