Општина Јегуновце 2018 година – започнати се градежни активности во населените места Шемшово и Жилче – регионален пат Р29274, каде се врши ископ и поставување на цевки за фекална канализација.

Со овој инфраструктурен зафат значително ќе се олеснат условите околу приклучок во колекторскиот ситем на самите жители од овие населени места.

Изведувач е фирмата ЕУРО ИНВЕСТ-ИНГ од Тетово додека средствата за успешна реализација се обезбедени од буџет на општина Јегуновце.

Градоначалникот Блажески најави и нови инвестиции како во областа и подобрување на локалната патна инфраструктура така и во изградба на колекторскиот систем Жилче-Шемшово.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце