Започнаа градежните активности со рехабилитацијa и модернизација на регионалниот пат Р-2234 Јегуновце-Пршовце.

Со овој зафат ќе се изврши целосна рехабилитација во должина од 4900 м, комплетна реконструкција помеѓу двете пруги од 160м и гребење на стариот асвалт од 5 цм со што значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел.

Изведувачи се фирмата ЕСКАВАТОРИ, додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на Влада на Р.М во соработка со Општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце