Заменик – министерот за земојделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиноски ја посети Општина Јегуновце каде со градоначалникот Тони Коцески извршија увид во спроведувањето на проектите што се подржани од Агенцијата за унапредување на земјоделието и руралниот развој  во оваа општина.

poseta

За изминатиов период општината добила околу 35 милиони денари што се искористени и се користат за изградба на фекална канализација низ повеќенаселени места, локални патишта и други потреби на месното население. Проектот за рурален развој се реализира низ целата држава во период од 2014 до 2018 година.

-Во изминатиов период се реализираа, одобрени се и во тек е реализација на околу387 проекти со вкупна вредност од околу 3 милијарди денари или околу 50милиони евра наменети за развој на селата во рурални општини иподобрување на квалитетот на живеење, изјави заменик-министерот  Костадиновски.

Во моментот преку овој проект за рурален развој во Општина Јегуновце се градичетирикилометарска канализациска мрежа со претпумпна станица во Сиричинопристапниот пат од околу 1 км од Туденце до црквата „Свети Ѓорѓи“ и локалниот пат во Копанце во должина околу 1 км.

-Овие проекти се од огромно значење за нашата општина и за сите рурални општини бидејќи со нив се подобрува комуналната инфраструктура во разниобласти, општините имаат слобода да аплицираат за сите оние проекти што сеод витално значење и ние аплициравме со неколку такви проекти, рече градоначалникот Коцески.

Градоначалникот Коцески исто така најави дека ќе продолжи со аплицирање сосвоите проекти за понатамошно добивање на средства од проектот зарурален развој за сите населени места во Општина Јегуновце.

Во рамки на посетата, заменик-министерот Костадиновски иградоначалникот Коцески заедно со директорот на Агенцијата за храна иветеринарство Зоран Поповски ја посетија фармата „Органик милк“ во населеноместо Ротинце, каде сопственикот Петар користи повеќе субвенции за својата фарма што располага со околу 150 крави.

Костадиновски најави дека од почетокот на идната година ќе се субвенциониранабавка на високо квалитетни крави од сортите холштајн и фризиска и до 80 отстоИако во западниот дел на државата нема појава на т.н језлеста кожа кај стокатадиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски најави дека сопристигањето на дополнителните вакцини во текот на следната недела ќе почне вакцинирање на сите незаразени животни и во останатите делови од земјатанаместо како досега само во жариштата во источниот дел од Македонија.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце