Во завршна фаза се градежните активности со изградбата на ” КРАК ” на основниот проект за  фекална канализација за населено место Јажинце. Овој ” КРАК ” е во должина од околу 300 метри, финасиските средства се обезбедени од буџет на Општина Јегуновце додека изведувачи се фирмата ЕУРО ИНВЕСТ ИНГ – Тетово.

Суштина на овој проект е олеснување на населението во нивното секојдневие, односно ова претставува проект што ќе спречи разни загадувања на подземните води и воздухот во овие населени места а со тоа би се намалила можноста на разни болести.

Градоначалникот Блажески најави дека ќе продолжи со вакви проекти, како и со нови инвестиции и подобар рурален развој на Општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце