Општина Јегуновце 13.07.2017г – Завршија градежните активности околу  поставување на нов асфалт  на локалниот пат во населено место Рогачево.

Патот е во должина од 1400 метри, додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на „ЕУ ИПА средства за рурална инфраструктура и Општина Јегуновце„

Градоначалникот Коцески најави и нови инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура во текот на оваа сезона  каде ќе се работи на уште неколку локации и во останатите населени места низ Општина Јегуновце.

Со овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел на Општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце