Делегација од локалната самоуправа на општина Јегуновце предводена од секретарот Љупчо Столески, во пресрет на новогодишните празници ги посети децата со посебни потреби од ОУ Симче Настовски од Вратница со што ги израдува со новогодишно пакетче кое изнуди насмевка на  детските лица.

Овие дечиња се разликуваат од останатите и нивната убавина е токму во таа посебност, во разликување и издвојување од останатите, затоа должност наша е да се грижиме да им биде олеснет животот и исполнет со убави работи.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце