Општина Јегуновце 30.06.2017 год – Градоначалникот Тони Коцески присуствуваше во населеното место Копанце каде оствари средба со дел од мештаните од ова населено место, како и лично направи увид на новоизградената улица со бехатон плочки,  констатирано беше дека е изградена според пропишаните проектни стандарди.

Како и секогаш после низа успешно реализирани проекти градоначалникот Коцески најави нови инвестиции во ова населено место како и во останатите во зависност од финансиската моќ со кој располага самата Општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце