Општина Јегуновце 2019 година – Поради силен ветер затрупани од намети со снег беа локалните патишта во населените места Рогачево и Јажинце.

Градоначалникот Блажески излезе на лице место во погодените населени места, каде оствари средби со месното населени со што заедно ги анализираа кртичните точки и изнаоѓаа решение за истите.

Од страна на локалната самоуправа беше ангажирано и багер кој вршеше зафат на затрупаните места на коловозот каде наметите достигаа и до два метри со што патиштата се целосно пробиени и оспособени за одвивање на сообраќајот.

Екипа ангажирана од страна на Општина Јегуновце е сеуште на терен каде  стојат на располагање на самите жители од овие населени места.

Општина Јегуновце препорачува внимателно возење во овие делови поради остатоци од кашест снег на патот.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце