Општина Јегуновце 04.03.2018 година – Поради обилните поројни дождови и топењето на снегот од планините доведе до изливање на каналите и реките од своите корита во повеќе населени места од Општина Јегуновце. Денес градоначалникот Дарко Блажески со дел од советниците на Општина Јегуновце во посета на населено место Шемшово, едно од погодените населени места од оваа општина.

Тој оствари средба со жителите на ова населено место , со што заедно ги анализираа кртичните точки и изнаоѓаа решение за истите.  Од страна на локалната самоуправа беше ангажирано и багер кој вршеше зафат на погодените места во Шемшово.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце