Во тек на реализација е уште еден од низата успешни проекти на Градоначалникот Тони Коцески со тоа што повеќенаменските игралишта во населените места Сиричино, Прељубиште и Јажинце ќе бидат заградени и обележани а со тоа ќе бидат овозможени подобри и побезбедни услови за спортување на младите од овие населени места. Градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика, и овие повеќенаменски игралишта се очекува успешно да бидат завршени. Изведувач на овој проект е фирмата Орион Метал со седиште во населено место Непроштено.

igraliste1

igraliste2

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце