Општина Јегуновце 2018 година – во тек е акција за чистење на локалните патишта ураснати од трева и надвиснати дрвја од двете страни на коловозот.

Со оваа акција се очекува да бидат целосно искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од двете страни на коловозот на целата територија на Општина Јегуновце со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на собраќајот на овие простори.

Средствата за овој проект се обезбедени од програмата за јавни работи преку Агенцијата за вработување на Репулика Македонија во соработка со Општина Јегуновце.

Градоначалникот Блажески најави дека и во следниот период планира ваков вид акци со цел подобрување на условите во собраќајот како и разубавување на самата општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце