Општина Јегуновце 12.04.2019 год – Согласно програмата за чистење на дивите депонии, со ангажирана механизација  пристапи кон пролетно чистење на дивите депонии . Денес се работи на расчистување на дивата депонија во населено место Ратае а согласно планот, ќе се чистат и останатите критични локации во Општината.

Градоначалникот Блажески излезе на лице место во населеното место Ратае, прво направи увид во работните активности потоа оствари средби со месното население со што упати и апел за совесно и правилно одлагање на својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии и да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од буџетот на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце